Фудбал

Ромелу Лукаку поради повреда ги пропушта следните два меча

Ромелу Лукаку поради повреда ги пропушта следните два меча

Даниеле Де Роси има причини за задоволство откако седна на клупата на Рома и ја доби довербата од управата за долгорочен договор, но младиот тренер во следните две недели нема да може да смета на еден од најдобрите напаѓачи, Ромелу Лукаку.

Белгиецот заработи повреда на мускулот на мечот со Милан и го напушти теренот во 29. минута, а дополнителните прегледи покажале дека мора да мирува најмалку десет дена.

Ова значи дека Лукаку сигурно ќе го пропушти следниот меч со Болоња, а мала е веројатноста да настапи и на дуелот со Удинезе, кој е закажан за три дена подоцна.

Рома во моментов е во добра серија од седум меча без пораз во Серија А, со големи шанси за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

To top