Фудбал

Рома официјално го отпушти тренерот

Рома официјално го отпушти тренерот

Иван Јуриќ дефинитивно нема да ја води Рома по крајот на репрезенативна пауза.

Иако беше се подготвено за негово заминување уште пред мечот со Болоња, Рома како клуб реши да го отпушти Хрватот уште пред да стигне до прес-центарот на „Олимпико“.

Пред натпреварот со Болоња кој денеска го загуби со 2:3, Јуриќ не се појави и на стандардното интервју со сервисот „ДАЗН“ пред натпреварот, а сега прашање е дали воопшто ќе се соочи со новинарите по отказното решение кое му го подготви „волчицата“.

Јуриќ пристигна во Рим како замена за Даниеле Де Роси на 18-ти септември, но неполни два месеци заработи отказ после четири победи, три реми средби и пет порази во сите натпреварувања.

To top