Фудбал

Рој Кин не е воодушевен од победата над Евертон

Рој Кин не е воодушевен од победата над Евертон

Ситуацијата изгледа далеку подобро од пред еден месец и „ѓаволите“ се на само шест бода од лидерот Арсенал, но и покрај победата од 0:3, Рој Кин не беше воодушевен од тоа што го виде.

Легендарниот Ирец смета дека Јунајтед имал среќа против Евертон, но напомена дека вистинското лице на Јунајтед ќе го видиме следната недела, кога тимот гостува на „Ст. Џејмс парк“.

– Ова не беше брилијатно, Јунајтед му дозволи многу шанси на противникот, а среќна околност беше пеналот по кој резултатот беше 2:0. Во тој момент мечот заврши, но не изгледаше така лесно како што вели резултатот. Ако се погледне пошироката слика, Јунајтед е на шестото место на табелата. Пред неколку години, тоа ќе беше вистински срам за Јунајтед. Сега изгледа како играчите да се среќни со шесто место. Овој тим треба да изоди уште долг пат, Јунајтед треба да се бори со најсилните тимови во лигата, а тоа се Ливерпул, Сити и Арсенал. После тоа, имате тимови како Тотенхем и Астон Вила кои имаат добри периоди, а секако тука е и Њукасл.

Јунајтед гостува во Њукасл следната недела, ќе видиме каков тим ќе се појави на „Ст. Џејмс парк“. Треба да се покажат на такви големи натпревари, ова што го направија досега не е ништо. Со трите победи се ставија во добра позиција, но Јунајтед треба да се натпреварува против најдобрите, – заклучи Кин.

To top