Фудбал

Родри: Убедени сме дека можеме да ги победиме

Родри: Убедени сме дека можеме да ги победиме

Фудбалерот на Манчестер Сити, Родри е еден од предводниците на Шпанија во финалето против Англија. Тој изјави дека целиот тим на Англија изгледа опасно, но дека и Шпанија има свои адути во финалниот меч и ќе гледаат максимално тој и неговите соиграчи да ја искористат оваа голема шанса.

„Англичаните имаат многу играчи кои можат да направат проблем. Меѓутоа, посебно треба да внимаваме на Фил Фоден. Тој е играч кој мора да го држиме под контрола, бидејќи има способност на движење во мал простор.Добро ги познавам, совршено го познавам англискиот фудбал. Имаат талентирана екипа, играчи кои може да балансираат и да ја држат контролата во сите аспекти на играта. Добро се бранат, можат да нападнат, меѓутоа и ние имаме свое оружје, убедени сме дека можеме да ги победиме.“ – изјави Родри.

 

To top