По уште една рунда проценки, од кои последната се одржа во средата, беше одлучено дека операцијата е најдобриот начин на дејствување и нема потреба од ново оддолговлекување.
Во октомври Џејмс се опорави од повредата на тетивата, поради која остана надвор од терените два месеци.
Сепак, на декемврискиот натпревар од англиското првенство со Евертон (0:2), Англичанецот повторно заработи повреда на тетивата, поради која би можел да пропушти мечеви во период од три месеци.
Оваа сезона 24-годишниот фудбалер учествуваше на девет натпревари за Челзи во сите натпреварувања, на кои имаше и една асистенција.