Селекторот на англиската фудбалска репрезентација Герет Саутгејт загуби уште едно финале, исто како пред три години од Италија, а Фердинанд смета дека главна причина за тоа е пристапот на тренерот.
„Ако мислите да играте конзервативна игра со толку голем потенцијал и талент, мора да победите. Селекторот го бира тимот, тоа е негов стил и мора да победите. Меѓутоа овие играчи се одлични во нивните клубови, додека на Европското првенство изгледаа ужасно“, кажа Фердинанд.