Фудбал

Репрезентацијата во футсал ги започна подготовките за квалификациите за СП

Репрезентацијата во футсал ги започна подготовките за квалификациите за СП

Футсал репрезентацијата на Македонија од денес ги почнува подготовките за учество во првата фаза од квалификациите за пласман на СП.

Предводникот на националниот тим Газменд Хисејини на мини подготовките пред заминувањето за Литванија на располагање ќе има 15 играчи, а на списокот се наоѓаат:

Петровски Антонио
Стојановски Иван
Благојевски Марио
Јасир Зекири
Рамадани Берат
Рамадан Јакуп
Еркан Сефери
Јанев Бојан
Исмаил Таулант
Јанев Димитар
Крстевски Иван
Садат Зибери
Тони Киревски
Игор Леовски
Давид Ристoвски

Избраниците на селекторот Хисејини во Скопје ќе тренираат до седми овој месец по што следува заминување за Литванија каде во периодот од деветти до 12 април ќе одиграат три средби.

Прв противник на деветти ни е Бугарија, а почетокот е закажан за 16:30 часот.

Следниот ден во истиот термин се среќаваме со селекцијата на Турција додека на 12 април се соочуваме со домаќинот Литванија, а натпреварот почнува во 17:30 часот.

Мечевите се играат Друшкининкаи, град оддалечен 130 километри од престолнината Вилнус.

Пласман во главната рунда од квалификациите за настап на Светскиот шампионат обезбедуваат освојувачите на првите две места во групата.

To top