Фудбал

Репрезентацијата на Швајцарија стана платформа за странски екстремисти

Репрезентацијата на Швајцарија стана платформа за странски екстремисти

Поради знамето на УЧК на натпреварот меѓу Швајцарија и Германија на Европското фудбалско првенство, треба да реагира УЕФА, но и Швајцарскиот фудбалски сојуз, смета швајцарскиот весник „Велтвохе“, посочувајќи дека репрезентацијата станала „платформа за странски екстремисти“.

Весникот посочува дека репрезентацијата на Швајцарија, во која настапуваат бројни играчи со албанско или косовско потекло, во минатото, кога е Србија во прашање, често се истакнувала по неспортско однесување и провокации.

Сега, според весникот, на натпреварот во Франкфурт на трибината од стадионот каде што биле навивачите на Швајцарија било истакнато знаме на УЧК.

„Велтвохе“ објасни дека УЧК е паравоена и ултранационалистичка организација, која се борела за отцепување на Косово од Србија и која, меѓу другото, била вклучена и во трговија со човечки органи.

Весникот наведува дека УЧК е прогласена за терористичка организација од САД.

„И сега нивниот симбол се појави меѓу швајцарските симболи на трибините. Разбирливо е што ги враќаат сеќавањата на театарот на двоглавиот орел и грубите гестови на капитенот на Швајцарија, Гранит Џака на претходните натпревари против Србија и го поставуваат прашањето дали швајцарската репрезентација служи како фактор за интеграција или како платформа за странски екстремисти“, подвлекува „Велтвохе“, пренесува „Косово онлајн“.

Примерот со албанскиот репрезентативец Мирљинд Даку на Европското првенство покажува дека фудбалот се почесто се злоупотребува политички во оваа тензична средина.

УЕФА веднаш реагираше и го суспендираше Даку на најмалку еден натпревар и го казни Фудбалскиот сојуз на Албанија со 25.000 евра.

„Ќе биде интересно како УЕФА ќе се однесува кон „швајцарската“ афера УЧК“, подвлекува весникот.

„Велтхове“ се осврна и на репрезентативецот Џака, за кого водителката на јавниот сервис „СРФ“, Катрин Леман, рекла дека е националниот херој, Вилијам Тел.

Весникот смета дека е претерано да се споредува репрезентативецот кој ги истакнува своите косовско-албански корени со национален херој.

„Наш совет до Вилијам Тел, односно Гранит Џака, по овие пофалби – те молиме немој повеќе да го покажуваш двоглавиот орел, ако Швајцарија се пласира во осминафиналето против Србија. И конечно би можел еднаш да ја отпееш швајцарската химна пред натпреварот“, нагласува „Велтвохе“.

To top