Македонската фудбалска репрезентација до 16 години претрпе убедлив пораз од Русија од 3-0 на пријателскиот меч што се одигра во Сиде, Анталија.
Избраниците на Драган Начевски не успеаа да излезат на крај со врсниците од Русија кои уште во првото полувреме постигнаа два гола, а пак во вториот дел со уште еден погодок ја потврдија победата.
Најдобрите шанси за Македонија на овој меч не ги искористија Сонер Ракипи и Дејан Спасевски.
За три дена нашите надежи ги очекува уште еден тест и тоа против Киргистан.