Фудбал се проценува на 200 милиони евра

Реал со најмногу фудбалери во тимот на „Трансфермаркт“ на најскапи играчи на светот

Реал Мадрид има најголема застапеност во симболичниот тим – четворица играчи.

Реал со најмногу фудбалери во тимот на „Трансфермаркт“ на најскапи играчи на светот

Интернет порталот „Трансфермаркт“ претстави тим од најскапите фудбалери во светот, врз основа на последните ажурирања.

Реал Мадрид има најголема застапеност во симболичниот тим – четворица играчи. Најскапи фудбалери се Винисиус Жуниор од мадридскиот тим и Ерлинг Халанд кој настапува за Манчестер сити. Нивната вредност се проценува на 200 милиони евра.

Голман: Грегор Кобел (Борусија Дортмунд) – 40 милиони евра.

Одбрана: Вилијам Салиба (Арсенал), Алесандро Бастони (Интер) – двајцата 80 милиони евра, Габриел (Арсенал) – 75 милиони евра.

Играчи од средниот ред: Федерико Валверде (Реал Мадрид) – 130 милиони евра, Џуд Белингем (Реал Мадрид) – 180 милиони евра, Флоријан Вирц (Баер) – 140 милиони евра.

Напаѓачи: Ламин Јамал ​​(Барселона) – 180 милиони евра, Винисиус Жуниор (Реал Мадрид), Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) – двајцата 200 милиони евра, Килијан Мбапе (Реал Мадрид) – 170 милиони евра.

To top