Сè уште не е завршена сагата околу Килијан Мбапе и неговата одлука за клубот во кој ќе игра следната сезона.
ПСЖ се надева дека ќе ја задржи својата најголема ѕвезда нудејќи голем договор, но голема желба на Мбапе е да замине во Реал Мадрид.
Мбапе моментално заработува 70 милиони евра годишно во ПСЖ, а Реал нема намера да му даде толку пари.
Челниците на Реал се подготвени да му дадат на Мбапе „само“ 15 милиони евра годишно, а за да го придобијат се спремни да му дадат 60 милиони евра за неговиот потпис, но и привилегија каква што нема ниту еден нивен играч.
Кралскиот клуб е познат по тоа што ги задржува за себе сите авторски права за користење на ликот, но ќе направи исклучок во случајот на Мбапе.
Имено, Реал е подготвен да му даде на Мбапе дури 60 отсто од авторските права за користење на ликот, што значи и заработка во вид на десетици милиони евра годишно.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Мбапе ветил дека до крајот на февруари ќе даде конечен одговор дали од 1-ви јули ќе стане нов играч на Реал.