Фудбал Тимот од мадрид не се откажува

Реал Мадрид во јануари ќе се обиде да го договори Мбапе

Реал Мадрид во јануари ќе се обиде да го договори Мбапе

Шпанскиот Реал Мадрид во јануари ќе го направи последниот обид за да го обезбеди потписот на Килијан Мбапе.

Реал пред напаѓачот ќе излезе со конкретна понуда, доколу ја одбие тоа ќе биде последниот обид на „кралскиот клуб“ да го донесе Мбапе во Мадрид.

„Релево“, пишува „или ќе потпише преддоговор или сагата за неговото доаѓање ќе заврши засекогаш“.

“Реал го бара и сака да го обезбеди неговиот потпис на крајот од сезоната. Клубот го чека јануари за да започне преговори. Ја научија лекцијата, нема да чекаат до последен момент и ако навистина сака да дојде, ќе мора веднаш да го стави својот потпис на договорот. Доколку следното лето не дојде во Реал, клубот засекогаш ќе му ја затвори вратата“, наведува овој извор.

 

To top