Фудбал

Реал Мадрид тргнува по Родри

Реал Мадрид тргнува по Родри

Реал Мадрид продолжува да покажува интерес за фудбалерот на Манчестер Сити, Родри.

Според  шпанскиот весник „Марка“, мадридскиот клуб ќе го следи договорот на 29-годишниот Шпанец со клубот од Премиер лигата. Неговиот актуелен договор истекува летото 2027 година.

На 1 јануари, Родри играше за Манчестер сити за прв пат од почетокот на ноември. Тој одигра 45 минути во ремито без голови со Сандерленд во 19. коло од Премиер лигата.

Родри е во Манчестер сити од 2019 година. Тој има 273 настапи, постигнувајќи 26 гола и 32 асистенции.

To top