Фудбал

Реал Мадрид тргнува по Ерлинг Халанд

Реал Мадрид тргнува по Ерлинг Халанд

Според шпанските медиуми, норвешкиот голгетер поставил јасен услов за неговото евентуално доаѓање во Реал Мадрид.

А тоа не е ниту платата, ниту должината на договорот, ниту клаузулите. Станува збор за тренерот.

Наводно, Халанд би бил спремен да размисли за преселба на Сантијаго Бернабеу само под едно сценарио: ако клубот го назначи Јирген Клоп за свој нов тренер.

Според овие извори, пораката е јасна. „Ќе дојдам, но само ако тој го води проектот“.

Норвежанецот има долгорочен договор со Манчестер Сити, а „Граѓаните“ немаат намера лесно да ја пуштат својата најголема ѕвезда. Сепак, познато е дека во модерниот фудбал ништо не е невозможно кога играчот јасно го искажува своето мислење.

Мадрид сонува за напаѓачки тандем кој би доминирал во Европа со години, но патот до тоа очигледно има свои услови и пречки.

Напаѓачот пристигна во Сити во 2022 година и, откако освои неколку титули, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите, нема да има ништо против да ја проба среќата во друга лига. Понатаму, спортскиот проект на англискиот клуб сè уште нема јасна насока.

Заминувањето на Бернардо е неизбежно, Родри сè уште не потпишал продолжување на договорот, а Пеп Гвардиола има договор до 2027 година. Ова сценарио на промени го принудува Халанд да ја преиспита својата иднина.

To top