Екипата на Реал Мадрид до триумф од 2:1 над Рајо Ваљекано во 22.коло од Ла Лига стига со голот од пенал на Килијан Мбапе. Победничкиот гол „кралскиот клуб“ го постигна во судиското надополнување на вториот дел 90+10 минута. Со оваа победа екипата од Мадрид (54 бодови) остана на еден бод зад лидерот Барселона (55).
Реал Мадрид поведе со голот на Винисиус Жуниор во 15.минута, додека Рајо Ваљекано изедначи во 49.минута преку Жорге де Фрутос. Гостите од 80.минута играа со играч помалку откако во 80.минута беше исклучен Пате Цис, а тоа го искористи Реал во надополнувањето. По 2:1 Рајо заработија и втор црвен картон.
Ова за Реал Мадрид беше 17.победа во првенството.