Фудбал Ла Лига

Реал Мадрид се врати на победите

Победата „кралскиот клуб“ ја обезбеди со двата гола во вториот дел. Водството во 58. минута го донесе Килијан Мбапе од пенал, а конечните 2:0 ги постави Асенсио Раул во 65. минута.

Реал Мадрид се врати на победите

Фудбалерите на Реал Мадрид по двата пораза во Супер купот и Купот на Шпанија се вратија на победите откако во дуелот на домашен терен во 20. коло го совладаа Леванте со 2:0. Ова воедно беше прв триумф на новиот тренер Алваро Арбелоа. Инаку навивачите со свирежи ги „поздравија“ претседателот Флорентино Перез и играчот Винисиус.

Победата „кралскиот клуб“ ја обезбеди со двата гола во вториот дел. Водството во 58. минута го донесе Килијан Мбапе од пенал, а конечните 2:0 ги постави Асенсио Раул во 65. минута.

Со денешните три бодови Реал Мадрид има 48 бодови и се наоѓа на второто место со еден бод помалку од лидерот Барселона – 49. „Каталонскиот клуб“ утре го игра својот дуел од оваа рунда на гости против Реал Сосиедад.

To top