Фудбал

Реал Мадрид повторно со проблеми

Реал Мадрид повторно со проблеми

Атмосферата со соблекувалната на Реал Мадрид е далеку од идеална, иако дојде до промена на тренерската позиција и Алваро Арбелоа го замени Чаби Алонсо.

Проблем е што Арбелоа беше дочекан со одреден оптимизам, а дел од играчите го чувстуваат како привремено решение.

Изненадување беше одлуката Дени Себалос да не биде во игра против Бенфика, а таквата одлука дополнително ја разниша довербата на тренерот.

Проблемите не останаа во соблекувалната и се појавија јавно, а како резултат на тоа доцнеше редовната прес-конференција пред дуелот со Рајо Ваљекано поради недоразбирања меѓу играчите.

Некои од играчите дури и јавно го критикуваат тренерот, пишуваат шпанските медиуми.

Претстојните натпревари можат да бидат клучни не само за сезоната, туку и за иднината на тренерот Арбелоа на клупата на Реал Мадрид.

To top