Реал Мадрид на својата официјална веб-страница објави дека по лекарските прегледи на Џуд Белингем, констатирана е повреда на мускулот на десната нога.
„По денешните прегледи извршени врз нашиот играч Џуд Белингем од лекарскиот тим на Реал Мадрид, констатирана е повреда на мускулот на десната нога. Ќе се следи неговата состојба и ќе се преземаат мерки во зависност од развојот на повредата“, известуваат од клубот.
Белингем претходно денеска го заврши тренингот откако доби удар. Веднаш бил прегледан и констатирана е повреда, која се очекува да го оддалечи од терените еден месец.