Фудбал

Реал Мадрид го сака најдобриот дефанзивец на Арсенал

Реал Мадрид го сака најдобриот дефанзивец на Арсенал

Фудбалерот на Арсенал, Вилијам Салиба би можел да му се приклучи на Реал Мадрид во летниот преоден рок. Реал Мадрид оваа сезона мака мачи со стоперите, повредите многу го погодија мадридскиот клуб, поради што таму веќе се размислува за ангажирање на нов дефанзивец.

Според шпанските медиуми, Реал Мадрид е насочен кон дефанзивецот на Арсенал, Вилијам Салиба.

Тој е посочен како приоритетен потпис за мадридскиот тим во претстојниот преоден рок, но нема да биде лесно бидејќи ќе треба да потрошат многу пари за Французинот доколку сакаат да го доведат.

To top