Фудбал

Реал Мадрид го продолжи договорот со Лукас Васкез

Реал Мадрид го продолжи договорот со Лукас Васкез

Европскиот и шпански фудбалски шампион Реал Мадрид денеска потпиша нов договор со уште еден играч кој долги години наназад го носи дресот на шпанскиот фудбалски гигант.

Станува збор за Лукас Васкез, кој иако не е стандарден првотимец и е втора опција на десен бек зад Дани Карвахал одлично се снаоѓа во тактичката поставеност на Карло Анчелоти.

Токму поради ова италијанскиот стратег инсистираше на останување на Васкез, а претседателот Флорентино Перез денеска потпиша нов договор на една сезона со овој 32-годишен фудбалер.

To top