Според шпанските медиуми, раководството на „кралевите“ се подготвува за продажба на една од своите најголеми ѕвезди, Џуд Белингам.
Во Реал Мадрид воопшто не се задоволни од неговото однесување, иако признаваат дека се работи за врвен фудбалер.
Раководството смета дека англискиот репрезентативец игра повеќе за себе, отколку за екипата, па планираат налето да го продадат.
Белингам пристигна во Реал Мадрид летото 2023 година за сума од 127 милиони евра од Борусија Дортмунд, а неговата вредност во моментов е фантастични 160 милиони евра, па јасно е дека која екипа и да сака да го купи, ќе мора да биде подготвена да плати сериозна сума.