Фудбал

Реал Мадрид го представи Бразилецот Ендрик (ВИДЕО)

Реал Мадрид го представи Бразилецот Ендрик (ВИДЕО)

Бразилската тинејџерска фудбалска атракција Ендрик беше официјално претставен како нов играч на Реал Мадрид.

18-годишникот се заблагодари за можноста да настапува за „кралевите“ и не успеа да ги задржи емоциите, па низ солзи се запозна со навивачите на најтрофејниот европски клуб.

Трансферот од Палмеираш беше договорен уште пред две години, но се чекаше Ендрик да стане полнолетен, а бразилскиот клуб за возврат добива сума од 60 милиони евра.

To top