Фудбал

Реал Мадрид го дава Родриго за Салиба!

Реал Мадрид го дава Родриго за Салиба!

Според шпанскиот весник „Марка“, на повидок е најголемата трансфер размена ова лето. Имено, во обид да го добијат фудбалерот на Реал (М), Родриго, првите луѓе на англиски Арсенал се подготвени во Мадрид да го испратат дефанзивецот Вилијам Салиба.

Ова не звучи невозможно бидејќи кралскиот клуб веќе беше заинтересиран за Салиба, но исто така беше и лондонскиот клуб за Родриго.

Во наредните денови преговорите треба да се интензивираат, па останува да се види каков ќе биде финалниот резултат.

To top