Шпанскиот и европски фудбалски гигант Реал Мадрид го објави финасискиот извештај за годината 2023/24, „кралевите“ пријавија приход од 1,073 милијарди евра, и станаа првиот клуб во светот со приход од над 1 милијарда евра.
„Кралевите“ испишаа нова историја, први стигнаа до профит од над 1 милијарда евра. Во финансиската година 2023/24 е остварен приход од 1,073 милијарди евра, што е 230 милиони евра повеќе од годината 2022/23, односно зголемување од 27%.
Профитот по оданочување изнесува 16 милиони евра, што е малку повисок во однос на претходната финансиска година, кога бил 12 милиони евра.