Фудбал

Реал Мадрид договори уште едно големо засилување

Реал Мадрид договори уште едно големо засилување

Со цел да се надминат проблемите Перез го насочи погледот кон Баерн Минхен и Алфонсо Дејвис.

Договорот на канадскиот репрезентативец со германскиот клуб завршува на крајот на следната сезона, а засега преговорите не се одвиваат во добар тек па Реал Мадрид ќе се обиде да профитира од целата ситуација.

Последните информации говорат дека Дејвис веќе ги има договорено сите услови со „кралевите“.

Тој ќе се пресели во Мадрид, во јули 2024 или една година подоцна како слободен играч, па сега притисокот е врз баварскиот гигант за веднаш по завршувањето на сезонава да ги договори условите и да избегне да му се повтори „случајот Алаба“.

To top