Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Орелиен Чуамени ќе го пропушти финалето од Лигата на шампиони (ЛШ) против Борусија Дортмунд на 1 јуни на „Вембли“, објави „Марка“.
Французинот ќе нема време да се опорави од повредата на реванш полуфиналниот натпревар против Баерн Минхен. Чуамени (24) направи се’ за да го забрза закрепнувањето, но повредата се покажа посериозна од очекуваното.
Чуамени сега ќе продолжи со рехабилитацијата за да може да игра на Европското првенство (ЕП) 2024 бидејќи доби повик од селекторот на „триколорите“, Дидие Дешам.