Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд ќе казнет со 650.000 фунти, што е еднакво на плата од две недели, затоа што се забавуваше до доцна во ноќните клубови во Белфаст, а по само два дена го прескока клупскиот тренинг.
Манчестер објави дека Рашфорд бил болен и затоа во петокот не тренираш. Напаѓачот беше изоставен од тимот за нивниот вчерашен дуел од четвртото коло во ФА купот со Њупорт Каунти, а менаџерот на тимот Ерик тен Хаг објасни дека тоа е „внатрешна работа“.
Според англиските медиуми, не само Тен Хаг, туку и новите газди на клубот од ИНЕОС се многу разочарани од Рашфорд, кој ја има една од највисоките плати во тимот, а има премалку придонес со своите настапи на теренот од почетокот на сезоната. Новиот косопственик Сер Џим Ретклиф вели дека е подготвен да го продаде Рашфорд на лето доколку пристигне соодветна понуда во клубот за него.
Самиот Тен Хег веќе покажа дека е бескомпромисен кога се занимава со дисциплински прашања на играчите, примери за тоа се Кристијано Роналдо и Џејден Санчо кои беа исфрлени од тимот.
На крајот на октомври, менаџерот го критикуваше Рашфорд што излегол да го прослави роденденот во ноќен клуб неколку часа по поразот во градското дерби со Манчестер сити.
Минатата сезона напаѓачот беше отстранет од групата за мечот со Вулверхемптон бидејќи доцнеше на тренингот. На овој начин Рашфорд веќе покажува дека проблемите од дисциплинска природа стануваат хронични за него, што сугерира нов цврст одговор од Тен Хаг.
Медиумите на Англија објавија дека Рашфорд на денешниот тренинг дошол со својот брат, кој е и негов агент. Двајцата треба да имаат разговор со Ерик тен Хаг.