Селекторот на Австрија на Ралф Рангник неможеше да поверува дека се елиминирани од ЕП.
„Не направивме доволно шансите да ги претвориме во гол. Исто така, мислам дека не ги одбранивме баш најдобро прекините по кој паднаа нивните голови.
Уште не можам да верувам дека треба да си одиме дома. Мислевме дека ќе го продолжиме патот. Немавме доволно среќа и ако натпреварот одеше во продолженија, верувам дека ќе победевме. Имавме време да израмниме, но тешко е кога противникот го има Гордон Бенкс“, изјави селекторот на Австрија.