Фудбал

Рајс: Требаше да нафрлам, ама го видов живиот ѕид и голманот и…

Рајс: Требаше да нафрлам, ама го видов живиот ѕид и голманот и…

Деклан Рајс беше главниот играч за победата на Арсенал над Реал Мадрид (3-0). Даде два гола од слободен удар, тие му беа првите во кариерата по над 300 одиграни натпревари за Вест Хем и Арсенал.

„Како група, бевме сигурни дека ако се бориме еден за друг ќе дојдеме до резултат. Во вториот дел тргнавме на гол, дадовме три и тоа беше многу позитивно. Лично, се чекаше тој гол од слободен удар! Го погодив живиот ѕид многу пати или шутнав над пречката. За првиот гол, првично, требаше да нафрлам, ама го видов живиот ѕид и голманот како е поставен и „бум“! Така имав самодоверба пред вториот. Го погодив, ама не чувствувам ништо специјално, мислам дека тоа ќе дојде за некоја година, кога ќе сфатам што всушност сум направил“, изјави Рајс.

 

To top