Фудбал

Работнички го совлада Арсими

Работнички го совлада Арсими

Фудбалерите на Работнички остварија победа од 1:0 против Арсими во последниот натпревар од 22.коло од ПМФЛ.

Ова воедно беше трет триумф за „романтичарите“ во последните четири кола и со тоа ги зголемија шансите за опстанок во лигата.

Единствениот гол на натпреварот го постигна резервистот Никола Манојлов во 66.минута, откако една минута претходно влезе во игра.

Со новите три бодови Работнички има 16 и остана на 11.место на табелата, додека Арсими е во опасната зона за испаѓање на осмото место со 26 бодови.

Со овој натпревар е комплетиран вториот дел од првенството, а до крајот остануваат да се одиграат уште 11 кола.

To top