Францускиот фудбалски шампион се сврте кон купување на англискиот фудбалер Џејдон Санчо од Манчестер Јунајтед. Информацијата ја објави „Фут Меркато“, а ја пренесе и тиражниот весникот „Л’Екип“.
Санчо е подготвен да се пресели во Париз, под услов двата клуба да се договорат за трансферна сума.
Англичанецот минатата сезона играше како позајмен во својот поранешен тим Борусија Дортмунд, со кој стигна до финалето на Лигата на шампиони.