Француски Пари Сен Жермен продолжува да покажува интерес за холандскиот репрезентативец и член на Барселона, Френки де Јонг, објави синоќа шпанскиот весник „Спорт“.
Дваесетишестгодишниот холандски играч од средниот ред, заедно со уругвајскиот дефанзивец Роналд Араухо, е меѓу играчите наведени за потенцијална продажба.
Ова не е прв пат Де Јонг да се поврзува со трансфер во Пари Сен Жермен, па дури се споменува цифрата од 60 милиони евра што клубот е подготвен да ја потроши за потписот на Холанѓанецот.
Сепак, самиот фудбалер останува цврст во намерата да остане во Барселона.