Фудбал

ПСЖ и Барсeлона се пласираа во полуфиналето од ЛШ!

ПСЖ и Барсeлона се пласираа во полуфиналето од ЛШ!

ПСЖ и Барселона се првите полуфиналисти во Лигата на шампионите откако ги елиминираа во четврфиналето тимовите на Астон Вила и Б.Дортмунд.

Астон Вила со 3-2 го победи ПСЖ, францускиот тим со вкупни 5-4 оди понатаму.

Првиот половина час не наговестуваше возбудувања. ПСЖ со голови на Хакими и Мендеш поведе со 2-0.

Во 34. минута Тилеманс погоди и намали на 2-1 одржувајќи ја надежта на Астон Вила. Со водство на францускиот тим се отиде на одморот

По десет минути игра во вториот дел Мекгин израмни на 2-2, а две минути подоцна Конса даде гол за водство од 3-2.

На Астон Вила ѝ недостасуваше уште еден гол за да ја анулира вкупната негатива, шанси се редеа, имаа Тилеманс, Конса, Асенсио, Рашфорд, но Донарума правеше чуда и не дозволи уште еднаш да се затресе неговата мрежа.

ПСЖ оди меѓу најдобрите четири, а Астон Вила може да жали што доживеа елиминација на вака драматичен нечин.

Борусија со 3-1 ја совлада Барселона.  Гираси донесе водство во 11. минута од 1-0, а по четири минути игра во вториот дел погоди за 2-0.

Само пет минути подоцна Бенсебаини си постигна авторол за 2-1 и за момент го прекина налетот на својот тим.

Но, Борусија Дортмунд продолжи да напаѓа, во 76. минута Гираси даде гол за 3-1.

Домаќините напаѓаа со сите сили, но тоа не беше доволно. Барселона оди во полуфиналето.

To top