Фудбал

Првиот човек на мак-фудбалот во посета на прволигашите во Анталија

Првиот човек на мак-фудбалот во посета на прволигашите во Анталија

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Масар Омерагиќ, беше во посета на македонските прволигаши, кои своите зимски подготовки ги одржуваат во турската Анталија.

Првиот човек на мак-фудбалот им посака на нашите екипи успешни подготовки и исполнување на зацртаните цели за вториот дел од сезоната во Првата македонска лига.

Омерагиќ имаше работни средби со челниците на: Пелистер , Струга Трим Лум, Тиквеш ,Силекс , Вардар и Шкендија.

Омерагиќ изрази надеж за квалитетни и неизвесни натпревари во пролетниот дел од сезоната, кои сигурно ќе ја привлечат публиката на стадионите ширум Македонија, особено во моментите кога ќе се ближи крајот на домашното првенство.

Вториот дел од Првата фудбалска лига започнува на седми февруари.

To top