Огромен удар претрпе екипата на Борусија Дортмунд бидејќи остана без уште еден дефанзивец.
Во поразот на „милионерите“ од Барселона (2-3) во Лигата на шампионите повреда заработи Нико Шлотербек.
Стоперот на Борусија незгодно доскокна и сериозно го свитка зглобот, а тоа ќе го оддалечи од терените некое време. Тој ги повреди лигаментите на зглобот и ќе мора да паузира одреден период.
Ова е нова лоша вест за Нури Шахин, откако пред неколку денови стана јасно дека Никлас Зуле ќе биде надвор од терените неколку месеци. Тренерот на Борусија не може да смета ниту на Антон, па Емре Џан ќе добие дефанзивни задачи.