Фудбал

Пронајден леш на тренинг-центарот на Манчестер Јунајтед

Пронајден леш на тренинг-центарот на Манчестер Јунајтед

Академијата на Манчестер јунајтед беше затворена откако во близина на тренинг-центарот биле пронајдени закопани остатоци од човечко тело.

Полициската истрага е веќе активирана, а форензичар од терен потврди дека закопаниот леш бил во пластична ќеса.

Засега не е познато до кога ќе биде затворена академијата на „ѓаволите“, но полицијата работи на расчистување на случајот.

„Голема истрага е во тек и така ќе остане додека не утврдиме што се случило. Подрачјето е затворено за јавност“, кажа еден од инспекторите.

To top