Фудбал

Проблеми за Реал Мадрид, се повреди Чуамени

Проблеми за Реал Мадрид, се повреди Чуамени

Францускиот играч за врска на Реал Мадрид, Орелиен Чуамени, има повреда на мускулот во левата нога и ќе паузира три недели.

Чуамени е незаменлив за тренерот Чаби Алонсо, беше стартер на 15 од 16-те натпревари на Реал сезонава.

Против Ливерпул одигра цел меч без знаци на повреда.

Оваа повреда доаѓа непосредно пред репрезентативната пауза, па за Кралскиот клуб и нема некоја преголема штета бидејќи во следните три недели ќе одигра само два меча во Ла Лига, против Рајо в недела и потоа на 23 со Елче исто така на гости. Чуамени би можело да се врати за гостувањето кај Олимпијакос на 26 ноември или кај Жирона на крајот на месецов.

To top