Фудбалерот од редовите на Јувентус, Душан Влаховиќ, заработил повреда на големото дерби против Интер и најверојатно ќе отсуствува од терените во следните три недели, јавуваат италијанските медиуми.
Напаѓачот на „старата дама“ беше во солидна форма периодов, а сезонава досега вкупно постигна дванаесет голови. Медицинскиот тим сугерирал веднаш да замине на дополнителни прегледи, по кои ќе стане јасно колкава пауза го очекува.