Проблеми за Манчестер Сити и Пеп Гвардиола.На мечот од Карабао Купот се повредија Мануел Аканџи, а во преостанатиот дел од средбата теренот го напушти на носилки крилниот напаѓач Савињо, а на повреда се пожали и Јошко Гвардиол кој влезе на полувремето.
„Не знам точно што не е во ред со Гвардиол. Сите правеа масажа, така што не ги знам деталите“, рече менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола.
Претходно се повреди и официјално најдобриот светски фудбалер Родри, кому му заврши сезоната бидејќи ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото.