Фудбал

Проблеми за Челси поради заминувањето на Мареска

Проблеми за Челси поради заминувањето на Мареска

Фудбалерите на Челзи се нервозни поради разделбата со главниот тренер Енцо Мареска, објавува „Атлетик“.

Многу играчи уживале во работата под водство на 45-годишниот Италијанец, а атмосферата во тимот била позитивна.

Играчите на Челзи сега стравуваат дека заминувањето на Мареска ќе влијае негативно на тимот и на расположението во соблекувалната.

На 1 јануари, Челзи го отпушти Мареска, кој беше на чело од летото 2024 година. Под водство на 45-годишниот Италијанец, „Сините“ од Лондон ја освоија Конференциската лига и Светското клупско првенство.

По 19 натпревари, Челзи е шести во Премиер лигата со 30 бода.

To top