Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, ќе го пропушти стартот на новата фудбалска сезона на Лајпциг, поради повредата.
Тренерот, Марко Розе, рече дека не се работи за сериозна повреда, но сепак, Елмас отпадна од комбинација за утрешниот дуел од Купот на Германија против Есен.
Ако успее да се опорави навреме, тој ќе настапи во првото коло од Бундес-лигата.