Најдобриот млад фудбалер на светот, Ламин Јамал, нема да игра против Србија во четвртото коло од групите на Лигата на нации. Тој претрпе повреда во победата на Шпанија над Данска.
Навивачите на Барселона и јавноста во Каталонија стравуваат по ваквата состојба на 17-годишникот дека ќе биде во трка со времето за да биде подготвен за претстојните тешки натпревари.
Следната недела Барселона ја пречекува Севиља, а потоа следуваат два најтешки теста сезонава, еден по друг – Баерн Минхен на „Монтжуик“ 23 октомври во ЛШ и гостување кај Реал Мадрид на 26 октомври.