Фудбал голем гест

Приходот од билетите од натпреварот Пелистер- Вардар ќе биде наменет за семејствата на трагично загинатите во Кочани

Приходот од билетите од натпреварот Пелистер- Вардар ќе биде наменет за семејствата на трагично загинатите во Кочани

Од ФК Пелистер Битола известија дека приходот од билетите на натпреварот Пелистер-Вардар ќе биде наменет за семејствата на трагично загинатите во пожарот во Кочани.

„ФК Пелистер ја известува јавноста дека приходот од билетите од натпреварот Пелистер – Вардар во рамките на 25. коло ќе биде наменет за семејствата на трагично загинатите во дискотеката во Кочани.

Ги повикуваме сите наши навивачи, симпатизери и љубители на фудбалот да учествуваат во оваа хуманитарна акција“, велат од ФК Пелистер Битола.

To top