Габриеле Гравина, претседателот на Фудбалската федерација на Италија се наоѓа под истрага на обвинителството поради проневера и перење на пари во врска со ТВ правата.
Првиот човек на италијанскиот фудбал доброволно се сретнал со обвинителите и негирал било каква вина. Тој е обвинет дека противзаконски ги користел парите од продажбата на ТВ правата во 2018 година кога ја водеше третата лига во Италија.
„Баравме сослушување и ја приложивме документацијата за да покажеме дека нашиот клиент е невен. Се расчистивме и сигурни сме дека вистината набрзо ќе излезе на виделина“, изјави адвокатот на претседателот на ФИГЦ.