Фудбал Во Барселона?!

Прашање на време е кога Меси ќе замине од Мајами, следи кам-бек во Европа!?

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси наскоро ќе си замине од редовите на Интер Мајами. Барем така се пишува по медиумите, каде се цитира изјава на Серхио Агуеро, кој е многу близок со светската ѕвезда.

Меси замина во Интер Мајами откако му истече договорот со ПСЖ каде беше несреќен. Иако во повеќе наврати истакна дека е среќен во САД, сепак, Меси има други планови и наводно сака да се врати во Европа. Повторно актуелна е приказната за Барселона.

„Лео отсекогаш покажувал колку ја сака Барселона. Само прашање на време е кога повторно ќе се врати таму“, кажал Агуеро.

Лео Меси во првата сезона со Интер Мајами не успеа да освои трофеј. Беше најдобар играч во Лига Купот каде постигна десет гола во шест средби, но неговата екипа беше поразена во финалето, а тој не можеше да настапи поради повреда.

To top