Црвена Звезда, Слован, Лил и Динамо Загреб се последните четири екипи кои обезбедија место во групната фаза на Лигата на шампионите, а сите 36 учесници ќе ги добијат своите противници на ждрепката која започнува од 18 часот во четврток.
Екипите се поделени во четири шешири и секоја од нив ќе добие по осум противници, по два од секој различен шешир.
Прв шешир: Реал Мадрид, Манчестер Сити, Баерн Минхен, ПСЖ, Ливерпул, Интер, Борусија Дортмунд, РБ Лајпциг и Барселона.
Втор шешир: Баер Леверкузен, Атлетико Мадрид, Аталанта, Јувентус, Бенфика, Арсенал, Бриж, Шахтјор и Милан.
Трет шешир: Феенорд, Спортинг, ПСВ, Салцбург, Динамо, Лил, Црвена Звезда, Јанг Бојс и Селтик.
Четврти шешир: Слован, Монако, Спарта, Астон Вила, Болоња, Џирона, Штутгарт, Штурм и Брест.