Вчера во Лигата на Нации покрај плеј-офот за место во полуфиналето се играа и бараж натпреварите.
По одиграните натпревари познати се и шеширите за новото издание од ова натпреварување.
Така Македонија која од наредната сезона ќе игра во Б-дивизијата своите противници ќе ги чека од четвртиот шешир. Нашата репрезентација е една од оние со послаб рејтинг во овој сегмент, па затоа ќе бидеме сместени во последниот шешир.
Со нас тука се: Шведска, Северна Ирска и Косово, па против овие три селекции нема да може да играме во групата.
Новото издание во Лигата на Нации започнува во септември 2026 година.
Шешир 1: Шкотска, Унгарија, Полска, Израел
Шешир 2: Швајцарија, БиХ, Австрија, Украина
Шешир 3: Словенија, Грузија, Ирска, Романија
Шешир 4: Шведска, Македонија, Северна Ирска, Косово