По ждрепката која ги одреди осминафиналните парови во овогодинешното издание на Лигата на Шампионите сега се познати и термините за одигрување на натпреварите.
Првите натпревари на програмата ќе бидат на 13. февруари и на нив силите ќе си ги одмерат Копенхаген и Манчестер Сити, односно Лајпциг и Реал Мадрид, а ден подоцна ќе се сретнат и ПСЖ и Реал Сосиедад, односно Лацио и Баерн Минхен.
Реванш средбите се закажани за 20. и 21. февруари.
Четвртфиналните средби ќе се одржат на 9. и 10, однносно 16. и 17. април, полуфиналните средби се закажани за 30. април и 1. мај, односно реваншите на 7. и 8. мај, а големото финале е закажано за 1. јуни на „Вембли“ во Лондон.