Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Килијан Мбапе денеска конечно беше промовиран како нов фудбалер на Реал Мадрид ставајќи крај на сагата која траеше со години. 25-годишникот беше претставен пред 80 илјади навивачи на „Сантијаго Бернабеу“, а сега во шпанските медиуми протекоа и информациите за неговиот договор.
Имено, Мбапе потпиша пет годишен договор со „кралскиот клуб“ и прифати далеку помала плата од онаа која ја имаше во ПСЖ и изнесуваше 200 милиони евра во последните две години. Таа ќе изнесува 15 милиони евра на годишно ниво.
Реал Мадрид не мораше да му плати на францускиот клуб за трансферот со оглед на тоа што тој пристигнува во клубот како слободен играч, но на сметката на фудбалерот префрлил 100 милиони евра.