Познати се осминафиналните двојки во Купот на Македонија во фудбал откако се одржа ждребката денес во просторите на ФФМ.
Најитересно ќе биде на мечот Вардар- Тиквеш, додека интересно ќе биде и на мечот Силекс – Шкупи.
Брера – Беса
Вардар – Тиквеш
Гостивар – Брегалница
Шкендија – Шкендија Арачиново
Струга Трим Лум – Македонија Ѓорче Петров
Силекс – Шкупи
Арсими – Воска Спорт
Пелистер – Детонит Плачковица
Сите натпревари ќе се одиграат во ист ден и ист термин (23 октомври во 14:00 часот), се игра еден натпревар, а доколку нема победник во регуларните 90 минути, веднаш се пристапува кон изведување пенали.